МЗТ се спаси, опстанокот е обезбеден

Македонскиот тим го совлада Тајфун со 77:70 во последниот меч на домашен терен во АБА-лига сезонава.

Доколку АБА-лигата преживее, МЗТ Скопје повторно ќе биде дел од неа. Македонскиот шампион потешко од очекувањата го доби клучниот меч со Тајфун совладувајќи го со 77:70.

МЗТ Скопје добро го отвори мечот, по трите поени на гостите врати со серија од 10-0. Македонскиот тим имаше пристојно водство до пред крајот на првата четвртина (21:16), период кога Тајфун ја најави својата серија од 10-0 и поведе со 21:26, а потоа за кратко време поточно во 14. минута дојде до првата двоцифрена предност од 23:33. Во 18. минута таа изнесуваше и плус 12 (31:43). За избраниците на Александар Јончевски во првото полувреме голем проблем беа скоковите, имаа вкупно десет скока наспроти 25 на гостинскиот тим.

По негативата од осум поени по првите 20. минути, кошаркарите на МЗТ Скопје се консолидира. Младиот Марко Луковоќ, заедно со Ѓорѓе Дреновац беа главните „виновници“ што македонскиот тим успеа да се врати резултатски, а на крајот на третата четвртина да поведе со 61:59.

Во продолжение „сино-белите“ го зголемија водството на пет минути до крајот имаа 68:60, но тоа не беше доволно. Тајфун на две минути до крајот се доближи на 70:67 и имаше шанса да изедначи, но не ја искористи. Дреновац од линијата за слободни фрлања и Луковиќ зголемија на 74:67,а печат на средбата стави Стојановски.

Марко Луковиќ со 19 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, зад него беа Дреновац со 15 и Урош Луковиќ и Стојановски со по 14 поени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...