Македонската репрезентација до 20 години ја совлада Словачка со 92:75 и ќе се бори за 13. место на ЕП од Дивизијата „Б“.
Младинската репрезентација на Македонија против Белорусија ќе се бори за 13. место на ЕП од Дивизијата „Б“ што се одржува во Халкида, откако ја совлада Словачка со убедливи 92:75 (27-15, 23-21, 19-27, 23-12).
Бакоч со 24 поени и 11 скока беше најефикасен во нашите редови.