Со полна сала за Дамјан, за Македонија!

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (почеток 20.30 часот) во Кавадарци го игра исклучително важниот натпревар со Унгарија, кој може да ја одреди судбината на нашиот тим во овие квалификации за Евробаскетот 2017.

Тимот по 20-часовното враќање од Велика Британија, дојде во Кавадарци за да се подготвува за претстојниот дуел со Унгарија, која во првите две кола извојува две победи, но двапати играше дома.



Еден од клучните фактори против опасните Унгарци треба да биде и публиката. На „црвено-жолтите“ ќе им треба голема помош од трибините.

Поразот на гостувањето во Лондон беше со двојна загуба бидејќи освен натпреварот, останавме и без Дамјан Стојановски, за кого овој циклус е завршен. За загубата на еден квалитетен поединец како што е Дамјан свое мислење даде Александар Костоски.

„За нас загубата на Дамјан е огромен хендикеп. Но, на сите ни е јасно дека на средбата со Унгарија ќе треба да одиграме и за нас, но и за него. Едноставно мора да одиграме на победа, а тоа можеме да го сториме само ако одиграме трпеливо и тимски. Едноставно мора да изгинеме на теренот и да се избориме за секоја топка. Ќе биде тешко да се надомести неиграњето на Дамјан, но мораме да мислиме само напред. Треба да завршиме нешто што сите заедно го започнавме. На домашен терен мора да победуваме. Унгарците имаат искусен и квалитетен тим, но јас очекувам домашниот терен да биде наша голема предност“ - вели стартниот плејмејкер.

Колку отсуството на неговиот брат ќе биде мотив да постигнува уште повеќе поени, го прашавме и капитенот Војдан Стојановски.

„Најважно е да победиме. Не е битно кој колку поени ќе постигне. Можеби јас нема да постигнам ниту еден поен, но победата мора да биде наша. Капитенската лента за мене е обврска и јас од натпревар во натпревар се трудам да бидам достоен за неа и да бидам лидер. Но, тоа не значи дека јас морам да бидам лидер секогаш. На секој од нас ако му тргне шутот или кој било елемент од играта тогаш тој ќе биде наш лидер, а ние ќе го следиме. Отсуството на Дамјан е хендикеп за нас и ние ќе мора да го надоместиме тоа со тимска игра и со многу трчање и борбеност на секој дел од теренот. Можеби во моментов Унгарците имаат поквалитетен тим, но очекувам кавадарчани да бидат нашиот шести играч кој ќе ја направи разликата на теренот и во конечниот резултат и на некој начин и тие ќе го надоместат отсуството на брат ми“ - изјави Стојановски.



Селекторот Драган Раца се наврати и на дуелот во Лондон, каде по 7 минути игра го загубивме Дамјан.

„Англичаните играа многу агресивно и на сила, а судиите не го санкционираа тоа. Кога лекарот се изјасни дека Дамјан не може да продолжи најнормално е моралот кај другите да падне. Имавме падови во играта кои противникот максимално ги искористи. Оние кои влегуваа од клупата не можеа да го следат и одржат ритамот на игра кој го наметнаа оние кои веќе беа во игра. Тоа според мене е нашата најголема аномалија, која, за жал, ни се провлекува и се повторува. Тоа е данокот на неискуството кој го плаќа оваа генерација“ - смета Раца.

За претстојниот меч, Раца вели дека гостите од Унгарија се многу поискусни од македонските кошаркари, но домашниот терен е нашиот адут.

„Унгарците имаат и квалитетен и поискусен состав. Нивните кошаркари играат во силни европски екипи. Силни се под обрачите, имаат висина и сила, а исто така располагаат и со квалитетни надворешни позиции. Според мене, треба да одиграме тимски и да го дадеме максимумот. Тешко ќе биде да се надомести отсуството на Дамјан кој заедно со Војдан беа главните алки во овој состав, па сега мора да менуваме многу работи. Тимската работа секогаш знаела да реши и поголеми проблеми. Засега во нашата група нема изненадувања, домашниот терен е голема предност. Секој кикс дома скапо се плаќа, не смееме да си дозволиме таква грешка. Затоа на овие млади кошаркари ќе им треба помош и од федерацијата и од медиумите, а најмногу од публиката. Очекувам кавадарчани да бидат нашиот шести играч. Публиката е таа која точно знае кога да ги поттикне и мотивира оние на теренот. Ги повикувам кавадарчани да дојдат и да им помогнат на овие момчиња. Ако публиката им помогне, сигурен сум дека тие ќе вратат со победа“ - завршува Раца, кој на местото на повредениот Стојановски, во составот ќе го вклучи Адем Мекиќ.

МКФ за гледачите во салата „Јасмин“ организира наградна игра. Во публика ќе бидат фрлени четири мали баскетчиња, а среќните „фаќачи“ на полувремето од мечот ќе шутираат двапати од центарот на игралиштето. Ако погодат, добиваат два авионски билети за Турција, таблет и 200 евра за шопинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...