Назор знае како против „своите“

Анте назор против својот“ Задар. тој „дуел“ ќе го одбележи натпреварот во кој неговиот актуелен клуб МЗТ Скопје, треба да го победи поранешниот.

Но хрватскиот стручњак,макар и на момент, го става тоа „на страна“. Размислува само во една насока, како МЗТ Скопје да ги освои двата бода, и со нив да се тргне во некоја позитивна серија на резултати.

„Ова е исклучително важен натпревар за нас, од кој едноставно мораме да излеземе како победници. Добро го познаваме Задар, ги знаеме сите предности и мани на нашиот противник. И ќе пробаме ова знаење максимално да го искористиме. Не сакам да потенцирам за проблемите со здравствениот билтен на играчите. Тоа е нешто што постојано нѐ следи, туку од тие што ќе се појават на паркетот ќе барам максимална борбеност и пожртвуваност, бидејќи само така може да се дојде до толку посакуваниот триумф.

Оваа пресметка би можела да биде и своевидна пресвртница за нас, со оглед на распоредот кој го имаме во следниот период. Но ништо само нема да дојде до нас, туку ќе мора да се избориме за тоа што го сакаме. А тоа е низа победи со кои би побегнале од дното на табелата во АБА-лигата“- посакува тренерот на МНЗТ Скопје Анте Назор пред дуелот против неговиот поранешен клуб.

Слично размислува и еден од најдобрите шутери во тимот од Аеродром, Марко Симоновски. Јасно му е и нему дека Задар мора да „падне“ во „Јане Сандански“.

„Јасно ни е на сите дека пред нас е можеби најважниот дуел во досегашниот дел во сезоната во кој едноставно не смееме да кикснеме. Задар е незгоден ривал, кој во повеќе наврати сезонава покажа дека знае добро да игра на гостински терен. Но ова е натпревар во кој сѐ зависи од нас самите. Ако дадеме сѐ од себе, ако го оставиме срцето на паркетот и ако буквално изгинеме еден за друг, тогаш сум сигурен дека не само што ќе победиме во оваа средба, туку дека ова ćе биде своевидна точка на пресврт за МЗТ Скопје во АБА. Ако успееме во сето ова, тогаш верувам дека ќе дојдат подобри денови за нас, но и за сите оние на кои овој клуб им е при срцето, а кои немаа премногу можност за радост во досегашниот дел од сезоната“- смета репрезентативниот бек на „металците“ пред дуелот кој пошнува во 20.часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...