Катниќ нов плејмејкер во МЗТ Скопје

Некогашниот талент на српската кошарка и освојувач на две европски и едно светско злато во младинските конкуренции, Душан Катниќ е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со македонскиот клуб со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за плејмејкер од кого се очекува да ја пополни празнината по заминувањето на Британецот Девон ван Острум, кој потешко се повреди во полуфиналниот дуел од Купот на Македонија против Фени индустри.

Катниќ има златни медали со Србија од Европските првенства во јуниорска и во младинска конкуренција (2007 и 2008) како и од Светското првенство за играчи до 19 години во 2007 година.

28-годишниот српски интернационалец професионалната кариера ја почна во тимот на Мега Лекс, каде што настапуваше во периодот од 2005 до 2010 година. Потоа потпиша за Црвена ѕвезда каде што се задржа само неколку месеци и замина за белгиски Остенде, чиј играч беше до 2013 година. Потоа играше за полски Анвил, Раднички Крагуевац, Крка и за Игокеа во два наврати од кој вториот беше на почетокот од оваа сезона. Во „сино-белиот“ табор доаѓа од редовите на српскиот прволигаш Динамик, каде што на 16 натпревари имаше просек од 6,5 поени, 2,9 скока и 4,9 асистенции.

Српскиот кошаркар се очекува денеска да пристигне во Скопје и веќе од утре да му се стави на располагање на тренерот Анте Назор. Дебито во дресот на МЗТ Скопје Аеродром ќе го има на средбата од воведното коло од Суперлигата, против Фени Индустри на домашен терен, кој најверојатно ќе се одигра следниот четврток.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...