Чарлс Џенкис „МВП“ во финалето во АБА лигата

Плејмејкерот на белградска Црвена Звезда, Чарлс Џенкинс го понесе признанието за најкорисен играч (МВП) во финалето на регионалната АБА лига.

Црвена Звезда по трет пат во низа ја освои шампионската титула во АБА лигата, откако во финалето со 3-0 во победи ја совлада загрепска Цедевита. Американецот во редовите на црвено-белите Џенкинс финалната серија ја заврши со просечен учинок од 14,6 поени по натпревар, 5,6 асистенции и 3,6 скокови.

„Да се стане МВП искрено мене и не ми значи многу. Победата на тимот е поважен. Тимот е пред се“, изјави скромно Џенкинс по добивањето на признанието.

Тој ја откри и тајната за својата одличен настап сезонава во дресот на Црвена Звезда не само во АБА лигата туку и Евролигата.

„Дејан Радоњиќ беше мојот прв тренер во Европа и ние имаме посебен однос, меѓусебната доверба само продолжува да расте. Тој направи да се чувствувам многу удобно на теренот. Минатата сезона ја поминав на друго место, каде што ја немав истата можност да покажам се што можам. Но, тоа не е важно, сега кога се вратив дома“, дополни Џенкис.

Со триумфот во АБА лигата белградскиот тим избори пласман во Евролигата следната сезона, што ќе биде пета година по ред црвено-белите да настапуваат во најквалитетното европско клупско натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...