Репрезентативците со „Медал за заслуги за Македонија“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска со „Медал за заслуги за Македонија“ ги одликува македонските кошаркарски репрезентативци кои го освоија четвртото место на Европското првенство во кошарка во Литванија.

Високото признание им се доделува за афирмација на Република Македонија во светот со постигнатите врвни резултати во кошарката на меѓународен план и за исклучителен придонес за развој и популаризација на овој спорт во нашата земја.

- Македонија го доби најпосакуваниот спортски подарок за 20-годишнината од независноста. Успехот што вие го постигнавте е заразен и убеден сум дека ќе продолжи на сите полиња и во спортот и во културата и во економијата. Владо Илиевски праша: Луѓе, што направивме? Да ви кажеме што направивте ја прославивте Македонија низ Европа! Ја ставивте македонската кошарка на европската кошаркарска мапа, рече претседателот Иванов на доделувањето на медалите.

Тој додаде дека репрезентативците освојувајќи го, како што рече, срцето на Македонија и на сите македонски граѓани ја обединиле нацијата.

- Дома има клубови, надвор има репрезентација! Тоа важи за спортот, така треба да биде и на полето на политиката, нагласи македонскиот претседател.

Медал за заслуги добија Перо Антиќ, Владо Илиевски, Лестер Бо Мекејлеб, Илија Димчевски, Димитар Мираковски, Тодор Гечевски, Дарко Соколов, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, селекторот Марин Докузовски и сите членови на стручниот тим.

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија Даниел Димевски заблагодарувајќи се за укажаната чест во име на кошаркарската репрезентација истакна дека со нејзиниот успех се отклучил катанецот со кој била заклучена самодовербата во Македонија.

-  Ние сме народ кој има квалитет, имаме многу чуда да покажеме ширум Европа и низ светот. Меѓутоа досега имавме еден катанец, имавме недоволно самопочит и недоверба која ги гушеше сите тие квалитети. Овие наши херои го скршија тој катанец  со што ќе излезе на виделина сиот наш креативен потенцијал, рече Димевски.

Тој истакна дека репрезентативците дале се од себе на Европското кошаркарско првенство за што поголем успех трошејќи ја при тоа целата енергија, која, како што рече македонскиот народ им ја вратил назад со величествениот пречек.

Одликувањата на репрезентативците им бea врачени во Македонската опера и балет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...