Чекав и го дочекав, Олимпијакос!

"И јас сакав да знам, но се додека не го добив договорот на увид и за потпис, не можев да откривам детали, или да ја лажам јавноста. Фала Богу, сега сето тоа е минато, сето ова со Олимпијакос во саботата попладне стана реалност"- вели капитенот на нашиот национален тим и во наредните две години играч на тимот од Пиреја.

Обично велат "кој чека, ќе дочека". Па такво нешто важи и во случајот на Перо Антиќ, сигурно еден од најдобрите играчи на штотуку завршениот Евробаскетот во Литванија, каде со негова огромна помош Македонија напиша историја. Го освои четвртото место на Европското првенство кое "отвори врата" за нашите златни кошаркари кон Европа и светот.

А Перо Антиќ не сакаше да зборува во и околу евентуални договори со заинтересираните клубови, и тоа се до моментот кога има репрезентативни обврски.

Една многу би се рекло мудра одлука на капитенот на нашиот национален тим, особено ако се знае што се се случуваше и во Алитус, и во Вилнус, на крајот, и во Каунас.

"Реков и претходно, нема да брзам со изборот на нов клуб. Сакам 'на раат' да го одиграм првенството, па дури потоа ќе зборуваме за тоа каде ќе играм понатаму"- рече Антиќ во една пригода пред тргнувањето за Литванија.

Реши Антиќ и не погреши...

Дојдоа оние блескави игри и победи над фаворизираните репрезентации како Хрватска, Грција, Словенија, Босна и Херцеговина, Финска, Грузија, Литванија, во кои посебно место во историјата се најде за капитенот.

"Иако во текот на шампионатот имав 'проблеми' од таа природа, односно присуство на голем број менаџерски агенции, повторив дека сето тоа ќе го оставам по завршувањето на ЕП. Останав 'глув' на сите тие ветувања ограничени како некои понуди, свесно, намерно. Сакав да останам до крај сконцентриран на она што го работевме, за кое живеевме тие три недели во Литванија. Да бидам 'мирен', што се вели..."

Антиќ успеа во тој негов обид, дури и неколку дена на онаа празнична еуфорија во целата наша држава не сакаше да признае, барем не "јавно", дека големиот Олимпијакос е најголемиот фаворит за неговиот потпис.

"Не сум од оние кои сакаат да се фалат за што било да се случи со нив во животот. Моја работа е да играм, најдобро што знам. Каде ќе ме одведе патот, за тоа решаваат и други, иако мојот збор секогаш е последен. Знам дека сите сакаа да знаат каде ќе играм следната сезона. И јас сакав да знам, но се додека не го добив договорот на увид и за потпис не можев да откривам детали, или да ја лажам јавноста. Фала Богу, сега сето тоа е минато, сето ова со Олимпијакос во саботата попладне стана реалност"- кажува Антиќ.

Истите тие медиуми, барем најголем дел од нив, објавија дека во моментов Антиќ е "тежок" 600.000 евра по сезона. Колку има вистина во сето тоа, како и она инфо дека токму Душан Ивковиќ, актуелниот селектор на Србија, инсистирал да бидете доведени меѓу "црвено-белите"?

"И да инсистирате нема да ви кажам никако за колкав износ се работи. Живееме во едно кризно време во кое луѓето едвај составуваат крај со крајот, и сега, па ни во некоја наредна пригода, дај Боже да ги има, не би зборувал колку пари, или колку големи пари сум заработил, или треба да добијам. Тоа ќе го сочувам за мене.

Од друга страна, навистина ми е драго, се надевам дека и тоа е точно пренесено, што еден таков стручњак, тренерска легенда во Европа и светот, побарал од управата на Олимпијакос да бидам дел од тимот за наредниот период. Ќе се трудам со сето она што го имам, што го знам, да ја оправдам таа доверба"- вели Антиќ за кого ова ќе биде втор обид да ја импресионира грчката јавност, по оној со другиот великан од Атина, АЕК.

Сепак, нема да биде нималку лесно да се игра во земјата на нашиот јужен сосед, особено по она што им го направивте за време на Евробаскетот во Литванија?

"Политика не ме интересира и точка. Нема да коментирам ништо, освен игрите на паркетот. Така беше и со нас на ЕП во оној дуел со нивната репрезентација. Победивме, се израдувавме и тоа многу, за тој спортски успех, и продолживме понатаму со уште поголема самодоверба. Тоа е главниот момент. Малку жалам што мојот одличен пријател Бурусис си замина од клубот. Но има во Олимпијакос и други одлични кошаркари со кои верувам дека можеме да направиме успех"- дополнува силното крило.

И уште еднаш во кариерата Перо Антиќ ќе игра во дресот со "црвено-бела" комбинација, боја, како што сите знаат, е неговата омилена?

"Црвено-бело, засекогаш. Се трудам да не ја менувам бојата на дресот во сите овие години играње 'надвор'. Така беше на времето во Работнички, потоа и во Црвена Звезда. Така беше во Лукоил Академик, истото важи и за Спартак од Санкт Петербург, еве сега и со Олимпијакос. Нема 'бегање" од тоа. Еднаш црвено-бел, тоа останува вечно"- порачува пред заминување за Атина еден од новите македонски херои.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...