Коби Брајант во организација на "Најк" и општина Истанбул бил свечен гостин на отворањето на кошаркарски терен во азискиот дел на Истанбул.
Големиот интерес на турската јавност остави впечаток на НБА ѕвездата која одговарајќи на прашањата на новинарите дали е заинтересиран да ја продолжи кариерата во Истанбул, изјавил дека градот е многу поинтересен и поубав од тоа што го чул и дека уште еднаш размисли и ќе разговара со својот менаџер за евентуален трансфер на Босфор.
Според програмата која "Најк" му ја подготви Брајант го посети и тренинг кампот на фудбалерите на Галатасарај, кои инаку носат опрема на оваа спортска фирма.