МЗТ Скопје го откажа гостувањето во Софија !?

Екипата на МЗТ Скопје нема да патува за Софија, ниту, пак, да ги игра одамна закажаните натпревари со екипите на Панатинаикос и на Левски.

На ден пред тргнувањето кон бугарската престолнина раководството на клубот од "Јане Сандански" дека во овој момент тоа е најдобрата опција.

"За жал, МЗТ Скопје мора да го откаже ова гостување во Софија" - потврдува и претседателот на "сино-белите" од Аеродром, Сашо Босилков. "Имавме заеднички состанок во клубот на кој процениме дека во овој момент е најдобро да не ги играме веќе закажаните натпревари, за што веќе ги информиравме и двата клуба со кои требаше да се сретнеме во Софија"- дополнува Босилков.

Не е тајна дека оваа одлука е заснована пред се на безбедносни причини.

Имено, заедно со официјалната делегација на МЗТ Скопје, за Софија беше (ис)планиран и мини-караван од неколку автобуси со навивачи на "металците".

Освен тоа, клубот добил и полициска сугестија дека во овој момент не е премногу паметно да има навивачи на натпревар во кој ќе се сретнат екипи од Македонија и од нашиот јужен сосед, макар истата би ја претставувал и актуелниот европски шампион, Панатинаикос.

"Навистина искрено жалиме што доаѓа до една ваква ситуација. Но за нас во овој момент е речиси неизводливо да играме со Панатинаикос, од повеќе причини. Колку и да сакаме да побегнеме, не можеме. Не можеме да се бориме и со оние политички моменти кои со себе ги носи еден ваков натпревар. Во овие три недели наназад имавме обемна комуникација во и околу овој натпревар. Направивме апсолутно се што е до нас. Но по се, особено не сега, такво нешто не ни е воопшто потребно. Тоа е ставот на клубот, и мора да се почитува. Свесни сме за последиците, ќе ги прифатиме како такви. Едноставно кажано, подобро е да се спречи отколку да се лечи. Се надевам дека МЗТ Скопје ќе има друга шанса да ги одмери силите со Панатинаикос. Но не в четврток попладне во Софија, како што беше договорено, туку во некој друг термин, и место "- додава Босилков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...