Одличен старт на екипата на Самарџиски

Екипата на Литвос Ритас во која настапува македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски синоќа на домашен терен во Вилнус постигна победа во квалификациски дуел за Евролигата. Совладана беше екипата на Будуќност со 83:64 во рамките на четвртфиналната фаза. Самарџиски реализираше 7 поени, без промашување, 4 скокови и 2 блокади за 21 минута.

Во полуфиналето утре Литвос ќе игра со Цибона која ја совлада екипата на Шоле со 77:70.

Вечерва се играат другите два четвртфинални дуела од оваа група: ПАОК – Галатасарај и Асвел – Гравелан.

Во втората група која се игра во Шарлроа (Белгија) синоќа Алба ја победи Рига со 82:60, а домаќинот Шарлроа беше подобар од Доњецк со 61:59.

Вечерва играат Химки – Туров и Нибург – Банвит.

Полуфиналните натпревари се играат утре, а финалните в недела.

Само победниците ќе изборат пласман во Евролигата, а поразените екипи ќе продолжат во Еврокупот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...