РЕАЛНО "РЕЗОНИРАЊЕ" НА ПРВИОТ ЧОВЕК НА ФЕНИ ИНДУСТРИ ПО МЕЧОТ СО ЕВРО-ШАМПИОНОТ

Покажавме срце, но ни треба и помош!

Немаше ниту грам на разочарување во редовите на Фени Индустри по убедливиот пораз во дуелот со Панатинаикос.

Напротив, претседателот на македонскиот шампион, Амир Абед, е пред с$ горд што Фени Индустри воопшто добил една ваква шанса, но и дека неговите играчи покажале дека имаат срце.

"Навистина, на овој натпревар против Панатинаикос ние го покажавме нашето срце. Покажавме дека имаме 'топки', дека сме храбри"- гласи констатацијата на Абед и покрај оние - 37 поени во корист на евро-шампионот.

Но смета дека кошарката во Македонија мора да оди уште напред, да се обиде да ја стигне Европа и нејзините баскет-стандарди.

"Но, и покрај сето ова што се случи во Софија, морам да кажам дека кошарката во Македонија мора да добие уште поголема финансиска помош за воопшто да дојде до европските сатднарди, како од Владата на Р Македонија, така и од приватниот сектор. Затоа што ова што ние го правиме излегува дека е многу малку, да не кажам ништо споредбено со екипи каква што е на пример Панатинаикос ".

Свесен е Абед дека тоа не оди "преку ноќ". И мисли дека не само Фени Индустри, туку и другите можат и подобро од ова што го презентираа кавадарчани во дуелот со "детелинките" од Атина.

"Свесен сум дека тоа не може да се случи веднаш, за ден-два. Но исто така знам дека можевме и да бидеме подобри, ако на пример имаме уште еден квалитетен центар, и еден добар шутер во екипта. Тоа ни недостасуваше и на овој натпревар со ПАО да бидеме уште поконкуретни. Но тоа си го прават и финасиите.

А ако на пример, ги компарираме буџетите, тогаш нема за што да зборувам. Ќе кажам дека оној со кој сега располага Панатинаикос, ние во Фени Индустри треба да го собереме со 25 години работа"- констатира по вторпат првиот човек на нашиот шампион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...