Бо Мекејлеб - “случајниот“ национален херој на Македонија

Бо Мекејлеб, 26 – годишното момче од Њу Орлеанс, “случајно“ стана национален херој на Македонија, јавува “Си-Ен-Ен“, пренесува Нетпрес.

До пред една година кошаркарот воопшто не стапнал во оваа мала балканска земја, но бидејќи му помогна на националниот тим да дојде до најголемиот меѓународен спортски успех минатиот месец, тој стана еден од омилените посвоени синови на Македонија.

Бо Велики“ по големиот успех во Македонија го доби прекарот Борче Мекелебовски, а како во медиумите, така и во тимот, тој внесе невиден жар кој ја однесе земјата до големите победи.

“Тимот беше поздравен во Скопје како да доби златен медал“, се потсетува една жителка на Скопје, додавајќи дека голем број на граѓани излегоа на улиците да ги поздрават, без разлика што беше работен ден.

Славењето на Мекејлеб во Македонија започна пред една година. Откако дипломирал на Универзитетот во Луизијана, Мекејлеб беше игнориран од тимовите на НБА, па се пресели во Европа, играјќи за тимови во Турција, Србија и сега во Италија, во Сиена. Додека играл за Србија, тој бил забележан од Дејан Лекиќ, генералниот секретар на македонската кошаркарска федерација.

“Обично потребни ви се неколку месеци да ја оцениш личноста, неговиот карактер... со Бо, ние немавме грижи“, изјавил Лекиќ, додавајќи дека чести биле заедничките кафиња со него, и по некое време почнале и да се шегуваат, тој станал Македонец за две недели.

Мекејлеб помина еден месец во годината тренирајќи со македонската кошаркарска репрезентација и признава дека знаел само некои работи, кога станува збор за говорењето на македонски.

Тој признал дека се изненадил кога добил повик од Лекиќ, но не бил воопшто загрижен за било каков културен шок (или пак губење на американското државјанство), туку тоа го сметал и како напредок за неговата кариера.

“Зборував со многу постари играчи и ми рекоа дека можам да играм подолго доколку имам европски пасош. Јас не ни размислив за тоа, само реков да“, изјавил Бо.

Лекиќ додава и дека авантурите од европското првенство се една магична приказна.

“Среќен сум што за време на Евробаскетот многу честитки дојдоа и од етничките Албанци и Муслимани. Ме прави горд, бидејќи тоа допринесува за развојот на заедниците во општеството“, изјавил тој.

“Време е да престанат поделбите, ние сите сме Македонци. Прашање на време е кога Албански играчи, или дури и тренер, ќе играат со националните кошаркари. Тоа нема да биде затоа што се Албанци, туку затоа што се добри“, изјавил Лекиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...