Откажана цела претсезона во НБА лигата

Уште една неуспешна средба имаа на почетокот од оваа недела Здружението на професионални кошаркари и сопствениците на НБА клубовите по што настрада и вториот дел од претсезоната. Пред две недели Комесарот Дејвид Стерн ги откажа подготвителните натпревари во периодот од 9 до 15 октомври, но откако двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик во понеделник, мораше истото да го направи со закажаните дуели до крајот на овој месец. Ако до идниот понеделник не се оствари договор, најверојатно ќе биде откажан стартот на новата сезона поради што и сопствениците и играчите ќе загубат многу пари и уште повеќе фанови низ целиот свет. Интересно е тоа што и покрај ваквите апокалиптични најави, не е ниту закажан нова средба за оваа недела.

Се уште далеку од договор - Дерек Фишер

На последниот состанок сопствениците на клубовите, сепак, покажале знаци на расположение да се дојде до договор. Наспроти претходниот тврд став за сооднос 53:47% во нивна корист во врска со поделбата на приходите од продажбата на билети и навивачки реквизити, сопствениците понудиле таа распределба да изнесува 50:50%. И тоа не било доволно за професионалните кошаркари кои бараат да остане досегашниот сооднос 57:43% во нивна корист или евентуално промената да биде минимална.

"Не успеавме да направиме прогрес во преговорите на кој што се надевавме и затоа воопшто не продолживме со нив. Едноставно, кошаркарите ни рекоа дека не можат да го прифатат она што им го нудат сопствениците", ја објасни Стерн својата одлука да го одложи остатокот од претсезоната.

Тренинг-камповите и 43 претсезонски натпревари во периодот од 9 до 15 октомври беа откажани на 24 септември. Оттогаш имаше две средби меѓу двете страни, но без апсолутно никаков успех. Со оглед на тоа што нема закажано нови состаноци, многу е веројатно дека ќе бидат откажани натпревари од регуларниот дел од сезоната како што беше случај во 19999 година кога секој тим одигра само по 50 натпревари.

"Едноставно, не успеавме да постигнеме напредок во преговорите. Не ги надминавме разликите и ни преостанува да продолжиме да разговараме", соопшти претседателот на Здружението на професионални кошаркари Дерек Фишер кој за последната средба ги повика и најголемите ѕвезди во НБА лигата како Коби Брајант, Двејн Вејд...

Поделбата на дополнителните приходи не е единствената работа поради која нема согласност меѓу двете страни бидејќи тука е и евентуалното надминувањето на селари-капот. Како и да е, со секој нов ден се намалува можноста да се постигне решение е се помала, а дел од кошаркарите веќе си најдоа клубови во Европа и Кина каде ќе играат во новата сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...