Играчите одбиваат и 51%!

Ниту понудата од 51% која ја дадоа сопствениците на клубовите не им се допадна на професионалните кошаркари во НБА, па сега само чудо може да ја спаси лигата. Нова средба меѓу двете страни се одржа во саботата, а по осумчасовни преговори, сопствениците излегоа со предлог кошаркарите да добијат 51% од дополнителните приходи. Откако Здружението на професионални играчи го одби тоа, сопствениците предложија да размислат до среда, а ако и тогаш не се согласат, оваа бројка ќе падне на 47%. За потсетување, кошаркарите бараат 52%, оа сега само еден процент прави проблем лигата да почне и да се спасат најголем дел од натпреварите во сезоната.

Сопствениците ги добиваат симпатиите - Бенет (Оклахома) и Арисон (Мајами)

"Ова никако не е ултиматум. Сакаме само да му овозможиме на Здружението доволно време за да ја разгледа нашата понуда и се надеваме дека ќе размислат убаво и ќе ја прифатат", изјави Дејвид Стерн.

Претседателот на Здружението, Дерек Фишер, рече дека играчите понудиле систем од околу 51% заработка за нив, а понудата на НБА ја окарактеризира како "систем кој не е фер" затоа што профитот, всушност, се дели на половина.

Со ваквиот развој на настаните дефинитивно сопствениците и НБА ги добија симпатиите на јавноста во САД бидејќи од 57% во нивна корист, колку што беше нивното прво барање, се спуштија на 49%. Кошаркарите и натаму остануваат на својот тврд став од 52%. Во целата работа во последните денови активно се вклучи и легендата на НБА, Мајкл Џордан кој е сопственик на Шарлот Бобкетс, па многумина повторно се надеваат дека сега ќе се најде решение за проблемот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...