Кошаркарите дефинитивно ја одбија понудата

Здружението на професионални кошаркари во НБА лигата вчера одржа тричасовен состанок по што на прес-конференција обзнани дека не е прифатена понудата што комесарот Дејвид Стерн ја изнесе на претходната рунда преговори. Стерн тогаш рече дека краен рок за прифаќање на понудата е среда (вчера), а ако играчите одговорат негативно, следната ќе биде многу понеповолна за нив. Кошаркарите не го прифатија ултиматумот.

Не прифаќаат ултиматуми - Здружението на кошаркар на вчерашниот состанок

На вчерашниот состанок присуствуваа над 40 играчи кои претставуваа 29 клубови во НБА, а недостасуваа само членови на Бостон Селтикс. Претседателот на Здружението, Дерек Фишер, изјави дека понудата на лигата не била дадена на гласање, туку овој состанок послужил единствено претставниците на клубовите да се запознаат со досегашниот тек на преговорите. Тој и во понеделникот изјави дека понудата на лигата е неприфатлива и дека нема да им даде шанса на играчите да гласаат за нејзино евентуално прифаќање. Исто така, спомна и дека е невозможно до денеска да се постигне договор со сопствениците на клубовите.

"Ќе се обидеме да ја спасиме сезоната, не сакаме повеќе да губиме натпревари. Утре ќе го побарам Стерн и ќе договорам нова рунда преговори. Слушнав шпекулации дека ќе бидат одложени сите натпревари до Божиќ ако до крајот на оваа недела не успееме да постигнеме договор со сопствениците на клубовите", рече Фишер.

Тој смета дека Здружението веќе направило доволно отстапки на економски план и дека сега компромис треба да има и од другата страна во врска со системските прашања со цел да се разреши овој застој на работата. Спомна и дека поделбата на дополнителните приходи е отворена за расправа, но само ако се обезбеди решение за неколку клучни системски прашања. Најважно од нив е она за размената на играчите, данокот на луксуз и депозитите, односно процентот кој ќе се одзема од платите на играчите за да се осигура почитување на распределбата на парите (минатата сезона изнесуваше осум проценти).

Фишер и директорот на Здружението, Били Хантер, заедно дадоа до знаење дека се подготвени на дополнителни преговори со лигата на чело со Стерн иако од другата страна најавија друга, понеповолна понуда за играчите од 47:53% во корист на сопствениците која треба да почне да важи од денеска. Ако дојде до договор околу системските прашања, тврдат двајцата, оваа понуда повторно ќе дојде на 50%.

Со ова, локаутот во НБА лигата само дополнително се продлабочува и се помали се шансите да се спаси сезоната. Играчите сметаат дека тактиката на сопствениците е само за застрашување и сакаат да продолжат со преговорите, додека Стерн најави дека следната понуда ќе биде полоша. Она што е важно е дека играчите се подготвени да преговараат за поделбата на парите на половина, но прво сопствениците да покажат разбирање и флексибилност за другите прашања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...