Подготвени сме да го одговориме "прашалникот"

Делегацијата на ФИБА, во состав Љубомир Котлеба и Предраг Богосављев во текот на денот ќе ги разгледа арената "Борис Трајковски", хотелските капацитети во Скопје, аеродромот, а ќе остварат средба и со директорот на Агенцијата за млади и спорт.

МКФ има ресурси да ги организира олимписките квалификации, за тоа денеска ќе биде запозната и ФИБА

Македонија подготвено ја дочекува делегацијата на светската кошаркарска федерација која во текот на денот во Скопје треба да изврши "инспекција" на постоечките капацитети кои ги понуди МКФ во барањето да биде организатор на олимпискиот квалификациски турнир.

Една ваква потврда доаѓа од претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димевски, кој во текот на вчерашниот ден ја дочека делегацијата од Женева.

Делегацијата на ФИБА, во која се спортскиот директор Љубомир Котлеба, и ивент-шефот на светската организација, Предраг Богосављев, во текот на денот ќе ги разгледаат сите спортски ресурси на нашиот главен град. Во таа пригода ќе ја разгледаат арената "Борис Трајковски", но и хотелските капацитети во Скопје, аеродромот... Освен тоа во "агендата" стои и дека ќе остварат средба и со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски.

"Во она кратко време кое комисијата од ФИБА ќе го има денеска на располагање, ќе има доста обемна работа" - потврдува Димевски."Ние како федерација веќе изразивме подготвеност за организација на овие олимписки квалификации. И во оваа пригода мислам дека Македонската кошаркарска федерација е подготвена во целост да го одговори оној т.н. 'прашалник' на ФИБА. Една 'книга' од 300 страници во кој детално се објаснува кои се условите по кои се добива организација на еден вака значаен настан во светската кошарка"- додава првиот човек на МКФ.

Оваа прва посета на ФИБА ќе биде, како што вели Димевски, чисто од "техничка природа".

"Токму поради тоа наши гости ќе бидат господата Љубомир Котлеба и Предраг Богосављев. Спортскиот директор на ФИБА и шефот на ивентот во Женева се одговорни за овој дел, во кој предвидуваме да им ги презентираме сите ресурси со кои располагаме во овој момент како држава. Барем засега бројките ги оставаме за онаа втора фаза. Впрочем, нашите гости се тука токму за контрола, но од оној технички аспект, која убеден сум дека ќе биде со позитивен одговор. Оттука и некои од работите оставаме да ги решаваме во овој месец што е пред нас, а пред ФИБА да одлучи кому ќе му ја додели организацијата на овој турнир"- дообјаснува Димевски.

Освен овој дел кој има технички карактер, планирани се и средби, односно разговори со претставници од Агенцијата за млади и спорт.

"Токму така, делегацијата на ФИБА ќе се сретне и со директорот на Агенцијата за спорт и млади, Лазар Поповски. Организацијата на ваков турнир ФИБА не ја доделува на федерација, туку таа потпишува договор со Владата, евентуално со градоначалникот на градот каде што ќе се одржува натпреварувањето"- вели на крајот првиот човек на нашата кошарка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...