ФИБА задоволна од она што го виде во Скопје

Спортскиот директор на Фиба, Котлеба и директорот на ФИБА за организација на настани, Предраг Богосављев, денеска во придружба на претседателот и генералниот секретар на МКФ, беа одблиску запознаени со условите кои ги нуди Македонија за организација на предолимпискиот турнир.

Котлеба и Богосављев доцна синоќа пристигнаа во Скопје и беа сместени во хотелот "Александар Палас", а утринава најпрво го посетија СЦ "Борис Трајковски".

Димевски и Лекиќ, заедно со претставници од нашата најголема арена, ги запознаа одговорните на ФИБА со условите на салата. На Котлеба и Богосављев им беше претставен теренот, озвучувањето, осветлувањето, пропратните простории (мала сала, соба за конференции, соблекувални, фитнес центар, ВИП простории и слично) и комплетната организација и функционалноста на целиот комплекс.

„Технички услови постојат и тие се на високо ниво“, вели Предраг Богосављев по посетата на СЦ „Борис Трајковски“. "Оваа арена ги исполнува сите услови за организација на настан од ваков карактер и тоа не е спорно. Запознаени сме со сите технички детали, вклучувајќи ја инфраструктурата на градот, сместувачките капацитети и слично и тоа на Скопје и Македонија не им недостасува. Постои и тим на луѓе кои се способни да организираат ваков настан, па останува да видиме колкава е поддршката од државата и институциите на дело, кои би морале да одговорат на барањата за Македонија да го добие овој турнир", заврши Богосављев.

Веднаш по инспекцијата на СЦ "Борис Трајковски", делегацијата на ФИБА замина во Агенцијата за млади и спорт, каде имаше состанок со директорот, Лазар Поповски.

Котлеба и Богосављев попладнево ја напуштаат Македонија и продолжуваат со инспекцијата во останатите земји кои покажаа интерес за организација на овој турнир. Во наредниот период ќе бидат дополнително разгледувани условите на сите земји, по што на 10 и 11 декември, на состанокот на бордот на ФИБА, ќе биде даден конечниот одговор во врска со домаќинот на предолимпискиот кошаркарски турнир. Избраниот домаќин би почнал со организација на настанот веднаш по изборот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...