Скоковите го решија дербито

Емил Рајковиќ, тренерот на Фени Индустри кој вчеравечер во дербито против Торус СЦ Борис Трајковски победи со 100:91 како клучен фактор за победата ја истакна скок-играта на неговите кошаркари во второто полувреме.

- Скок-играта, која ни беше многу лоша во првото полувреме, но ја поправивме во продолжението, беше клучна за победата. Торус уште еднаш потврди дека е одлична екипа. Тие беа подобри од нас во првото полувреме, ние игравме како во грч, но успеавме да се ослободиме од притисокот во второто полувреме и ги превземавме работите во свои раце. Сите мои играчи покажаа максимална игра и сите се подеднакво заслужни за оваа голема победа, изјави Рајковиќ.

По триумфот над Торус СЦ Борис Трајковски, бранителот на титулата Фени Индустри остана единствената непоразена екипа во Првата кошаркарска лига. Во дербито одиграно во Кавадарци тие по првиот дел беа во минус од 9 поени (39:48), но со извонредна игра во вториот дел и со 61 поен успеаја да направат пресврт и да стигнат до нова победа. Најефикасен на натпреварот беше Кирил Николовски со 26 поени.

Повеќекратниот првак на Македонија, екипата на Работнички уште еднаш беше поразена. Тимот од „Градски парк“ на домашен терен загуби од Лирија со 92:90.

Домашни победи постигнаа екипите на Вардар и на АБА Струмица. Вардар во „СРЦ Кале“ ја победи екипата на Кожув со 82:59, додека АБА Струмица минимално го победи Куманово со 70:69.

Во осмото коло слободна беше екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Табела: Фени Индустри 14 бодови (7 натпревари), МЗТ Скопје Аеродром 13 (7), Торус СЦБТ 13 (7), Лирија 11 (7), Вардар 10 (7), АБА Струмица 10 (8), Куманово 9 (7), Кожув 8 (7), Работнички 7 (7).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...