Со три натпревари денеска продолжуваат натпреварите од ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига.
Капитенот на македонската репрезентација, Перо Антиќ со својот тим Олимпијакос ќе гостува во Москва кај ЦСКА. Почетокот на овој дуел е во 17 часот и 15 минути.
Гостување ќе има и вториот македонски репрезентативец кој игра во ова натпреварување. Лестер Бо Мекејлеб со Монтепаски Сиена ќе игра во Шпанија против Билбао. Натпреварот е закажан за во 19 часот.
Третиот денешен дуел ќе започне во 19 часот и 30 минути, а во него ќе играат Галатасарај и Анадолу Ефес.
Другите пет натпревари од 5.коло во ТОП 16 фазата од Евролигата се играат утре. Двојките се: Фенербахче Улкер - Уникс Казан, Макаби - Жалгирис, Реал Мадрид - Уникаха, Канту - Барселона и Панатинаикос - Армани.
Табели по групи:
Група „Е“: ЦСКА Москва 3-1 (победи - порази), Олимпијакос 2-2, Галатасарај 2-2, Анадолу Ефес 1-3.
Група „Ф“: Монтепаски Сиена 4-0, Билбао 2-2, Реал Мадрид 2-2, Уникаха 0-4.
Група „Г“: Панатинаикос 3-1, Уникс Казан 3-1, Армани 1-3, Фенербахче Улкер 1-3.
Група „Х“: Барселона 4-0, Макаби 2-2, Канту 2-2 и Жалгирис 0-4.