ЦСКА Москва обезбеди четвртфинале

ЦСКА Москва е првата екипа која избори пласман во четвртфиналето во годинашново издание од кошаркарската Евролига. ЦСКА во синоќешниот натпревар од 5.коло во ТОП 16 фазата го победи Олимпијакос со 96:64.

Капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ на овој дуел за Олимпијакос постигна 7 поени.

Во вториот натпревар од „А“ групата, Галатасарај во „турската пресметка“ го победи Ефес Пилсен со 64:56.

Неизвесен натпревар се одигра во групата „Б“. Билбао ја победи екипата на македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб со 60:59, а Мекејлеб натпреварот го заврши со 12 поени.

Вечерва се играат другите натпревари од ова коло. Двојките се: Фенербахче – Уникс, Макаби – Жалгирис, Реал Мадрид – Уникаха, Канту – Барселона и Панатинаикос – Армани.

Преглед на табелите во групите:

„А“ група: ЦСКА Москва 4-1 (победи-порази), Галатасарај 3-2, Олимпијакос 2-3, Анадолу Ефес 1-4.

„Б“ група: Монтепаски 4-1, Билбао 3-2, Реал Мадрид 2-2, Уникаха 0-4.

„Ц“ група: Панатинаикос 3-1, Уникс 3-1, Армани 1-3, Фенербахче 1-3.

„Д“ група: Барселона 4-0, Макаби 2-2, Канту 2-2, Жалгирис 0-4.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...