Вечните ривали на мегдан

Во кошаркарската Суперлига вечер на програмата се закажани два натпревари од 6.коло. Во првиот од нив ќе играат лутите ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Вечното дерби ќе се одигра во „Јане Сандански“ со почеток од 18 часот и 30 минути.

Работнички ги загуби шансите за влез во плеј-офот и овој дуел за него нема големо резултатско значење, додека за „аеродромци“ победа ќе значи сигурно останување на првата позиција барем до следното коло.

Шампионот Фени Индустри во Кавадарци ќе го пречека Куманово од 19 часот во вториот вечерашен натпревар од ова коло. Два бода за Фени ќе значи задржување на шансите за освојување на првата позиција, а со евентуален триумф „кумановци“ ќе останат со теоретските шанси за учество во плеј-офот.

Последниот натпревар од 6.коло ќе се одигра утре во Сарај (почеток 18:30), а во него Лирија ќе биде домаќин на Торус Спортски Центар Борис Трајковски.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 38 бодови, Фени Индустри 38, Торус СЦБТ 35, Лирија 34, Куманово 30 и Работнички 28.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...