Цел ни е да ги симнеме на што е можно помал број на поени

Торус СЦБТ е сериозен и нималку наивен и пред се лесен противник за МЗТ Скопје.

Тоа е "видливо" и според досегашните резултати, како во оној прв дел, така и во оваа суперлигашка фаза од шампионатот.

И веројатно екипа против која "металците" играат некако најтешко.

така беше и во претходните две изданија во "Јане Сандански", ништо поинакво и при она гостување во Арената "Борис Трајковски", каде беше запишан и пораз во продолжението од пет минути.

Актуелниот момент на МЗТ Скопје вели дека по вечното дерби, во кое како слабост беше одреден оној офанзивен дел, нема место за грешки.

Па дури и кога пред "сино-белите" стои и ваков профил на противник.

"Мораме да бидеме подобро во реализацијата, во секој случај. Пред нас имаме исклучително важен натпревар во кој практично и немаме право на кикс. Пред се затоа што секој кикс во оваа фаза од првенството тешко може да се надополни"- вели Александар Тодоров во најавата на неделниот натпревар и дополнува. "Пред имаме екипа која знае да даде и сто поени, но и многу помалку. Што значи дека знае да напаѓа. Наша цел ќе биде, како и секогаш, да ги симнеме на што е можно помал број на поени. За нас ќе биде доста важно доколку и во Арената ја добиеме онаа подршка од 'Фемили'. Така ќе ни биде уште полесно во реализацијата на плановите, победа и на овој натпревар"- посакува Тодоров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...