Фени Индустри во 1/4 финале на БИБЛ лигата

Кошаркарите на Фени Индустри без одигрување на натпреварот со Зрински обезбедија пласман во четвртфиналето на БИБЛ лигата и ја задржаа можноста да ја одбранат титулата во ова натпреварување.
Кавадарчани денеска требаше да го одиграат одложениот натпревар со екипата на Зрински од Мостар, но бидејќи гостите не допатуваа во Кавадарци натпреварот е регистриран со службен резултат од 20:0 за Фени Индустри. Во образложението на раководството на тимот од Мостар, е наведено дека по завршувањето на лигата во Босна и Херцеговина го распуштиле тимот и немале доволен број играчи. Инаку, во меѓувреме Зрински го загуби и прволигашкиот статус во лигата на БиХ.

По ваквиот расплет тимот на тренерот Емил Рајковиќ доби ден повеќе за одмор во пресрет на куп завршницата на Македонија, која од четврток до недела ќе се одржи во Скопје. Првиот натпревар од четвртфиналето на БИБЛ, Фени Индустри ќе го одигра во Кавадарци на 28.март против екипата на Морнар од Бар. Реваншот и евентуалната мајсторка планирани се да се одиграат на теренот на противникот на 3.април и на 5.април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...