Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се победници на 20-то јубилејно издание на Купот на Македонија. Тие вечерва во арената „Борис Трајковски“ во големото финале ја совладаа екипата на Фени Индустри од Кавадарци со 84:66.
Ова за МЗТ Скопје е 5-ти трофеј во националното куп натпреварување. Во предигра на овој дуел се одигра и финалето во младинска конкуренција.
Победници во младинскиот куп се кошаркарите на Вардар кои го совладаа Фени Индустри со 74:60.