Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Кавадарци ќе ја имаат првата шанса да дојдат до шампионската титула која ја чекаат цели 20 години. Аеродромци во финалето од плеј-офот водат против Фени Индустри со 3:1 во серијата прв до четири победи.
Бранителот на титулата, Фени Индустри ќе ја нема поддршката од трибините која ја носи домашниот терен поради казната два натпревара да играат без публика, заработена на претходниот дуел со МЗТ во Кавадарци кога од трибините со пластична канта беше удрен гостинскиот тренер Александар Тодоров.
Натпреварот Фени Индустри - МЗТ Скопје Аеродром во салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе почне во 20 часот и 30 минути.