МЗТ Скопје Аеродром е новиот кошаркарски шампион

Две децении МЗТ Скопје Аеродром ја чекаше шампионската титула која синоќа со победата над Фени Индустри во Кавадарци од 81:73 конечно беше освоена. „Аеродромци“ со вкупни 4:1 во победи го освоија шампионскиот пехар.

Последниот натпревар кој се одигра пред празните трибини во салата „Јасмин“, за гостите од Скопје почна лошо. Фени на самиот почеток направи убедлива предност 17:2, но МЗТ се врати во игра по неколку реализирани тројки. Во втората четвртина новиот шампион направи серија од 15:0 и навести дека титулата од Кавадарци ќе се пресели во Скопје. На полувреме гостинскиот тим замина со предност од 43:36, која ја одржуваше во второто полувреме.

Најефикасни во победничкиот тим беа Игор Мијајловиќ со 21 поен, Тони Грнчаров даде 15, Тодор Гечевски 14. Кај Фени Индустри Дарко Соколов со 17 и Кирил Николовски со 12 беа играчите со најмногу постигнати поени.

Големото славје на навивачи на МЗТ Скопје кои натпреварот го следеа на видео-бим во ТЦ „Бисер“ траеше до раните утрински часови, а половина час по полноќ ним им се приклучија и градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски и кошаркарите кои во населбата „Јане Сандански“ пристигнаа со панорамски автобус.

МЗТ Скопје Аеродром стана петта екипа во македонскиот кошаркарски шампионат која успеала да биде шампион. Претходно титули освојувале Работнички (14), Никол Ферт (1), Струмица (1) и Фени Индустри (3).

 

 

 

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...