Победа за Македонија на турнејата во САД

Кошаркарската репрезентација на Македонија ноќеска го победи комбинираниот универзитетски состав од Атланта со 97:87. Ова беше втор дуел на македонската репрезентација која се наоѓа на турнеја на американскиот континент со универзитетскиот состав од Атланта. Во првиот натпревар одигран пред два дена победија домаќините со 81:79.

Тодор Гечевски со 22 поени повторно беше најефикасен во нашиот состав, а според реализацијата се истакнаа и Дамјан Стојановски со 15 поени, Предраг Самарџиски со 14, како и Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски и Војдан Стојановски кои завршија со по 10 постигнати поени.

Репрезентацијата синоќа се комплетираше со приклучувањето на Лестер Бо Мекејлеб, кој иако не настапи на мечот против универзитетскиот тим, ќе биде на располагање на селекторот Марјан Лазовски за претстојните пријателски натпревари во Порторико.

- Кажав и пред заминувањето дека резултатите од овие натпревари ни се во втор план. Тука сме за воигрување, одржување и подигнување на формата и секако за аклиматизација и привикнување на условите кои се различни од европските. Целата е тимот од ден на ден да изгледа се подобро и ќе продолжиме во тој ритам и во Порторико, изјави Лазовски за веб страната на Македонската кошаркарска федерација.

Репрезентацијата на Македонија денеска заминува за Порторико каде в среда и четврток ќе ги одигра двата последни пријателски натпревари од подготовките против домашната репрезентација. Веднаш по нивното завршување, македонските репрезентативци ќе заминат во Каракас (Венецуела) на предолимпискиот турнир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...