Марјан Лазовски не е веќе селектор на Македонија

Здравствените причини, но и потребата посериозно да се посвети на клупските обврски, резултираа Марјан Лазовски да побара порано раскинување на договорот со сениорската репрезентација.

Момент кој се случил на итниот состанок на Стручниот совет на МКФ, а за кој вчера, меѓу другото, дискутираше и Управниот одбор на МКФ.

Претставниците на Управниот одбор одлучија да ја прифатат оставката на Лазовски.

Пред сe како "производ" на одличната соработка која Федерацијата ја имаше со него во изминатите години, кога максимално коректно и професионално ги извршуваше сите задачи во сите селекции и проекти во кои бил ангажиран.

Покрај тоа, а во заемен договор, соработката на Лазовски МКФ продолжува и понатаму, но на друго место и во други заеднички проекти.

Согласно со тоа, сега и дефинитивно селекторската позиција на нашата сениорска репрезентација останува празна.

Во наредниот период спортскиот директор Врбица Стефанов и директорот на репрезентациите, Илија Мерџановски, активно ќе се вклучат во процес на наоѓање ново вистинско решение за најдобриот македонскиот тим.

Во оваа пригода е потенцирано и тоа дека внимателно ќе се избира нов предводник на националниот тим, и дека нема да се избрзува со изборот, со надеж дека Македонија ќе го добие новиот селектор до извлекувањето на групите за Евробаскетот во Словенија, закажана за 18 ноември во Постојна.

Марјан Лазовски, кој претходно беше асистент-тренер во стручниот штаб на "црвено-жолтите" во времето на Јовица Арсиќ, а потоа и Марин Докузовски, на почетокот на оваа година ја доби довербата на раководството на федерација, да го предводи националниот тим во наредните две години.

Со акцент на учеството на сениорите на историскиот квалификациски турнир за Олимпијадата во Лондон, кој во текот на јули се одржуваше во Каракас (Венецуела).

Турнир кој не ги исполни очекувањата на македонската кошаркарска јавност, и на кој "црвено-жолтите" не стигнаа до едно од трите места кои водеа на Олимписките игри во Велика Британија.

Турнир кој сега веќе поранешниот селектор ќе го памети по победата над селекцијата на Нов Зеланд, но и поразите против Ангола во првата фаза, и особено оној против Доминиканската Република, во четвртфиналето, кој го скрати кошаркарскиот сон дека еден македонски национален тим може да се појави на една Олимпијада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...