МЗТ Скопје е организиран клуб со фантастични навивачи

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го претстави вжновиот тренер Словенецот Алеш Пипан, кој на жешката клупа го наследи Александар Тодоров. Тој на денешната прес-конференција се заблагодари на раководството на македонскиот тим и истакна дека е подготвен за големиот предизвик што го носи работата со тимот од Јане Сандански.

- Би сакал да им се заблагодарам на управата на клубот што ме избраа мене за тренер. Ми претставува чест да бидам тренер на овој клуб, но свесен сум и за одговорноста што ја носи оваа функција. Можам да ветам дека ќе дадам се од себе за сите во клубот да бидат задоволни. Првите впечатоци ми се одлични, ова е организиран клуб, со фантастични навивачи и верувам дека со мали промени можеме да направиме резултат со кои сите ќе бидеме задоволни, изјави Пипан.

Словенецот, истакна и дека во прво време нема намера да влече било какви потези и да менува дел од кошаркарите.

-Рано е да се прават промени, треба прво да се согледа ситуацијата, е потоа и да се повлечат конкретни потези. Вчера го одржав првиот тренинг, можам да кажам дека момците се добро подготвени, се гледа дека и претходно имаа квалитетен тренер.

Дел од играчите ги знам, другите ќе ги запознаам наскоро, по што далеку подобро ќе може да се постават темелите на играта, додаде Пипан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...