Почина сопственикот на Л.А. Лејкерс

Сопственикот на НБА тимот Л.А. Лејкер, Џери Бас, починал од канцер вчера во Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми, пренесува Нетпрес.

Осумдесетгодишниот Бас, го купил кошаркарскиот клуб во 1979 година и со него на чело тимот не само што стана гламурозен туку и освои дури 10 шампионски титули, а за Лејкерси настапувале и голем број на НБА легенди.

Бас, минатата недела бил хоспитализаиран поради компликации со болеста. Инаку, откако пред 18 месеци му бил дијагностициран канцер, тој постојано бил на болнички третмани.

Во 1979 година тој клубот го купил за 67,5 милиони американски долари, а во јануари годинава вредноста на Лејкерси била проценета од магазинот „Форбс“ на околу една милијарда долари, и бил рангиран како втор највреден клуб во НБА веднаш зад Њујорк Никс, кој бил проценет на 1,1 милијарди долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...