Македонија ќе игра и дење и ноќе

Македонската репрезентација ќе игра прво во попладневниот термин од 17.45 часот, па двапати во вечерниот термин од 21.00 часот, а последните два во 14.30 часот во првата фаза на Европското првенство во Словенија. ФИБА Европа и локалниот организациски комитет на Евробаскетот  2013 година ги прецизираа термини за одигрување на натпреварите на континенталниот шампионат се игра од 4 до 22 септември.

Македонија е во групата Б и своите средби ќе ги игра во салата „Подмежакла“ во Јесенице, а првиот меч, против Црна Гора е закажан за 4 септември од 17.45 часот, во вториот од трите одредени термини.

Наредниот ден се среќаваме со Литванија во вечерниот термин од 21 часот, а во истиот вечерен термин го играме и натпреварот на 6 септември против Србија. Следува еден ден пауза, за потоа последните две средби од групата, против Босна и Херцеговина, односно Летонија, закажани за 8 и 9 септември, да ги одиграме во најраниот термин од 14.30 часот. Тоа може да биде и добро, но и лошо ако треба да чекаме пласманот во втората фаза ни зависи од резултатите на вечерните средби.

Термините на сите репрезентации варираат, единствено селекцијата на Словенија, која е домаќин на турнирот, сите свои натпревари ќе ги игра во вечерниот термин од 21 часот. Добра околност за нашата репрезентација е што со овој распоред, нашите кошаркари ќе имаат најмалку 24 часа време за одмор меѓу кои било два натпревари, нешто што не беше случај на Евробаскетот во Литванија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мажот се враќа од службен пат и и вели на жената:
-Замисли ја загубив венчалната бурма.
-Како можеше да ја загубиш?
-Како? Зарем не ти кажав сто пати да ми го сошиеш џебот?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...