НБА Перо се врати во Македонија

Перо Антиќ по потпишувањето на договорот со Атланта Хоукс, доцна синоќа се врати во родната земја каде ќе остане неколку дена до заминувањето за Словенија. Во САД беше во друштво на неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ и откако ги заврши формалностите и лекарските прегледи, стави потпис на договорот и се врати во Македонија. Првиот Македонец кој станал член на клуб од најсилната кошаркарска лига на светот на своите репрезентативни колеги треба да им се приклучи в четврток во Крањска гора.

Откако и официјално потпиша договор со „јастребите“, Антиќ даде интервју за клупската телевизија и кажа дека најголема возбуда му причинува тоа што е првиот Македонец кој ќе заигра во НБА.

„Мило ми е што станав дел од големото семејство на Атланта хокс. Најсреќен сум поради тоа што сум прв играч во НБА од мојата земја. Ова е многу добро за мојата земја, а лично за мене и голем предизвик по освоените две евролигашки титули. Лесно да потпишам за некој помал клуб и да мислам само на пари или привршување на кариерата, но сакав уште еден предизвик. Сега му преостанува да се обидам да им помогнам на соиграчите да направиме еден чекор напред во однос на минатата сезона“ - изјави Антиќ.

Во минатата сезона Атланта беше шестопласирана во источната конференција и беше елиминирана во првото коло на плеј-офот, загуби од Индијана со 2:4 во победи.

Најдобар играч на Атланта е крилниот центар Ал Хорфорд, Доминиканецот кој шест години го носи дресот на Хоукс и е еден од најзаслужните што Македонија лани не се пласираше на Олимписките игри во Лондон. Антиќ на олимписките квалификации во Венецуела на 6 јули 2012 имаше можност да игра против Хорфорд. На тој кобен за нас натпревар, Хорфорд имаше 14 поени и 15 скока, но во првото полувреме беше неутрализиран од Антиќ кој рано влезе во проблем со личните грешки и на паркетот мина само 19 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...