Пипан дебитира како селектор

Пријателскиот натпревар со Украина вечерва, од 20 часот, во словенечкиот град Домжале, за селекторот Алеш Пипан треба да биде прв показател за моментната форма на 12-те кошаркари кои тој ги поведе со себе на подготовки во земјата домаќин на Евробаскетот. Според информациите од Словенија, средбата во салата на комуналниот центар во Домжале ќе биде затворена за јавност.

За Македонија ова ќе биде прв тест откако тренинзите на националниот тим почна да ги води селекторот Пипан. За словенечкиот стручњак ова е прв натпревар како селектор на нашиот национален тим.

Украинците синоќа имаа дуел со Словенија, а Словенците ќе бидат наши домаќини утревечер во 20 часот во спортската сала во местото Литија.

„Пријателските натпревари се најважни за тренерот. Јас треба да видам до каде сме стигнати во моментов и кои се работите на кои ќе треба повеќе да се работи во следниот период. Резултатот нема големо значење на овие први контроли, но во подоцнежната фаза од подготовките кога ќе бидеме и комплетни по приклучувањето на Мек Кејлеб и Антиќ, ќе мора да бркаме победи за зголемување на самодовербата. Сега најважен е пристапот и борба во одбрана, нападот ќе си дојде подоцна“ - рече Пипан.

Македонскиот селектор во составот има неколку кошаркари кои никогаш не одиграле официјален натпревар за сениорската репрезентација.

„Имаме талентирани млади играчи кои во блиска иднина би можеле да играат на врвно ниво. Но, репрезентацијата е ниво погоре од клубовите во кои што играат, може да помогнат, треба да се гледа и иднината. Не треба да бидат нервозни, туку треба да размислуваат како да се стават во функција на колективот. ЕП не е место за експерименти, но ако некој од младите со квалитетот и однесувањето заслужи минутажа, сигурно ќе добие шанса да игра во септември“ - додаде Пипан.

Украина е земјата во која ќе се игра следниот Евробаскет во 2015 година и тие полека се подготвуваат за тој настан. Во репрезентацијата која е на подготовки во Словенија, најстариот играч има 28 години. Нив најдобро ги познава Војдан Стојановски, кој во претходните две сезони настапуваше во украински клуб и има неколку екс соиграчи од Доњецк, а во лигата на таа земја има играно и Ѓорѓи Чековски.

Во составот на селекторот Мајк Фратело се Денис Лукашов, Вјачеслав Бобров, Артем Слипенчук, Дмитро Глебов, Дмитро Забирченко, Игор Зајцев, Максим Корњенко, Александар Липовиј, Олександар Мишула, Леонид Стефанишин, Артем Пустовиј, Максим Пустозвонов, Станислав Тимофенко, Кирило Фесенко и Володимир Конев. Во овој состав, дури четворица се високи 210 или повеќе сантиметри и тука може да биде главната опасност по кошот на Македонија.

Македонската јавност со право беше разочарана од настапите на нашите кошаркари на Медитеранските игри во Турција и турнирот во Кина, но сега со засилен состав и стручен штаб, работите треба да си доаѓаат на свое место. Дарко Соколов кој беше дел од МИ и турнирот во Кина смета дека работите тргнат на подобро.

„Очекувам да имаме квалитетни подготовки како предуслов за успех на ЕП во Словенија. Турнирот во Кина беше едно големо искуство за нас, таму бевме преполовени, без најискусните, не направивме резултат, но одработивме мал дел од подготовките. Се надеваме дека од сега натаму ќе биде подобро. Најбитно е формата да се темпира за ЕП, пријателските средби се важни, но не толку. Тие повеќе за новиот селектор да види што има на располагање“ - вели Соколов кој има две европски првенства зад себе и го очекува третото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...