Нашите денеска со два тренинга

Македонската репрезентација денеска ќе одржи два тренинга во Јесенице. Експедицијата синоќа пристигна во малиот град во северниот дел на Словенија, и веднаш одржа тренинг во 21 часот, и тоа затворен. Тој термин беше предвиден за тренинг на литванската селекција, но фаворитите го откажаа тренингот, па нашите влетаа наместо нив и го имаа првото запознавање со условите во салата. Македонија го откажа тренингот кој требаше да се одржи во 16.30 часот, а причина е што нашиот тим подоцна замина за Словенија.

Според распоредот на тренинзи, речиси сигурно е дека македонскиот тим ќе тренира секој ден и во пресрет на секој натпревар. Од групата Б, само Литванија одлучи да одржува затворени тренинзи додека другите нема да се кријат од јавноста.

Денешните два тренинга ќе се одржат во две различни сали. Од 11 часот „Гоцевата раса“ ќе тренира во арената Подмежакла каде што се играат дуелите од ЕП, а вечер од 19.30 часот тренингот ќе биде во салата „Витранц“ на Крањска гора.

Утре, на првиот ден од првенството, Македонија својот дуел против Црна Гора го игра со почеток во 17.45 часот, а терминот за тренинг е 9.55 наутро во малата сала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...