Европското првенство свечено отворено, Македонија денеска стартува против Црна Гора

Низ свечена церемонија одржана на плоштадот во Љубљана синоќа Генералниот секретар на ФИБА Европа, Камил Новак, за отворено го прогласи Европското првенство во кошарка 2013.

На свеченоста присуствуваа и претседателот и премиерот на Словенија, претседателот на Словенечката кошаркарска федерација, како и градоначалниците на четирите града организатори - Јесенице, Копер, Целје и Љубљана. Сите тие на учесниците им посакаа фер игра и промоција на спортскиот дух низ кошарката.

Церемонијата која траеше нешто помалку од еден час, беше зачинета и со музички точки и уметнички дела, вклопени низ претставувањето на сите 24 земји учеснички.

Дел од овој кошаркарски континентален собир ќе биде и репрезентацијата на Македонија која денеска против Црна Гора ќе го има првиот настап на овој евробаскет. Овој дуел е од Б групата која се игра во Јесенице.

Македонија го задржа речиси истиот состав од претходниот шампионат во Литванија кога беше четврта. И тогаш „црвено-жолтите“ стартуваа против Црна Гора кога загубија со 70:65 по продолженија.

Црногорците за разлика од Македонците во овој дуел влегуваат без предводникот од пред две години Никола Пековиќ, но сега го имаат новиот лидер Никола Вучевиќ од кого се очекува да им зададе најмногу проблеми под обрачите на Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Предраг Самарџиски...

Натпреварот Македонија - Црна Гора започнува во 17 часот и 45 минути во салата „Подмежакла“ во Јесенице, а според најавите, бројни македонски навивачи се очекуваат на трибините, да им дадат голема поддршка на нашите кошаркари.

Покрај оваа средба, во рамки на групата Б денеска ќе играат: Босна и Херцеговина - Летонија и Литванија - Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...