Македонската кошаркарска репрезентација вчера со резултат 80-81 загуби од Црна Гора, во првиот натпревар од групата Б на Еуробаскетот во Словенија. Сепак, за спорниот момент во самиот финиш на натпреварот во Јесенице речиси никој од црногорските медиуми не напиша ништо.
Единствено медиумите во Србија и Хрватска имаа објави за контроверзниот момент од финишот на натпреварот во салата Подмежакла. Ова се дел од насловите во балканските медиуми за вчерашниот натпревар.