Трет пораз на кошаркарите на евробаскетот

Јесенице, 8 септември 2013 (МИА) – Македонските кошаркарски репрезентативци го забележаа третиот пораз на Европското првенство, но сеуште имаат теоретски шанси за влез во следната фаза.

За тоа ќе биде потребна победа против Летонија со повеќе од девет поени разлика, како и порази на ривалите на Македонија во денешните и утрешните средби.

Попладнево во Јесенице, Босна и Херцеговина ја победи Македонија со 62:54. По четвртини: 15:16; 13:13; 17:12 и 9:21.

Слабата реализација и само три погодени тројки од вкупно 25 обиди, како и 11-те скокови помалку од противникот се главните причини за овој пораз на избраниците на Алеш Пипан. Македонија добро го отвори натпреварот со 7:0 по само две и пол минути игра, на што Босанците одговорија со 10 поени во низа, а нивната највисока предност изнесуваше пет поени во средината на втората четвртина.

Лошата игра во нападот беше компензирана со цврстата одбрана на Македонците кои не и дозволија на Босна и Херцеговина да замине на полу��реме со поголема разлика.

Нашите кошаркари најдобро одиграа во третиот период кој го завршија со предност од 45:41, по што следуваа најлошите 10 минути на првенството во последната четвртина.

Повторно најдобар во македонскиот состав беше Лестер Бо Мекејлеб со 19 поени, а двоцифрен ефект имаше и Перо Антиќ со 17. Предводници до победата на БиХ беа Мирза Телетовиќ со 22 и Нихад Ѓедовиќ со 20 поени.

Освен овој натпревар денеска во групата Б во 4.коло уште играат: Србија – Летонија (17:45 часот) и Литванија - Црна Гора (21 часот).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...