МЗТ подготвен за успешен старт во АБА лигата

Македонскиот кошаркарска шампион МЗТ Скопје Аеродром в петок ја започнува новата сезона во која ќе настапува на четири фронта, во регионалната АБА лига, во Еврокупот, во домашното првенство и куп.

Тренерот Влада Вукоичиќ на денешната прес-конференција ги презентираше очекувањата за средбата со Унион Олимпија и амбициите за новата сезона.

- Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број, бидејќи се наоѓаме во период кога кај играчите постои една позитивна трема што е вообичаено пред секоја нова сезона. Противникот е спој на талентирани и неколку искусни играчи. Тие се предводени од екс-тренерот на МЗТ Скопје, Алеш Пипан. Ако играме како што трениравме во подготвителниот период, верувам во добар настап и оптимист сум дека ќе забележиме победа, изјави Вукоичиќ.

За амбициите на македонскиот првак зборуваше центарот Тодор Гечевски кој посака неговиот тим да ги повтори добрите игри од минатата сезона.

- И годинава наша примарна цел е обезбедување место кое ќе обезбеди настап во Еврокупот, но доколку се укаже шанса ние ќе се бориме и за влез на „фајнл-фор“. Очекувам поддршка од нашите верни навивачи кои ни се од голема помош. Ние ќе дадеме сто проценти од нас за успешно да ја отвориме сезоната и покрај проблемите и отсуствата на повредените Чековски и Николовски, рече Гечевски.

За него мал проблем може да претпоставува Пипан кој добро ги познава играчите, но како што рече, со максимално залагање познавањето на Пипан нема да биде доволно за МЗТ да биде победен.

Гечевски смета дека оваа година „аеродромци“ имаат поквалитетен состав и со малку подобро воигрување и повеќе среќа, ќе се постигнат зацртаните цели.

Што се однесува до здравствениот билтен, Ѓорѓи Чековски заврши со терапијата поради повредата и од утре почнува со подготовки и се очекува по две недели да му биде на располагање на тренерот целосно подготвен, додека Кире Николовски ќе има подолга пауза и тој се очекува во составот да се врати во декември.

Натпреварот со кој стартува новата сезона од АБА лигата ќе се одигра в петок во СЦ Борис Трајковски со почеток во 20 часот и 30 минути



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...