Литванскиот главен град од денеска до петок ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир на осумте екипи кои ќе се обидат да победат и да обезбедат пласман во елитната Евролига.
За првиот ден се закажани четвртфиналните средби Варезе - Олденбург (почеток 17 часот) и Литвос Ритас - Рига (19).
Утре се играат другите две четвртфиналиња Химки - Остенде (17) и Нимбурк - Банвит (19).
Победниците од четвртфиналните двојки ќе играат полуфиналиња в четврток од 17 и 19 часот.
Финалето е закажано за в петок во 19 часот.
Победникот на турнирот ќе игра во Д групата од Евролигата.