Антиќ одигра 29 минути против Далас

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ мина 29 минути на теренот на синоќешниот натпревар што неговата екипа Атланта го одигра на гости кај Далас.

Атланта по шестти пат беше поразена 98:88 (19:24; 28:19; 29:26 и 22:19) и така со само една победа ја заврши серијата од претсезонски натпревари.

Антиќ имаше осум скокови најмногу досега на еден натпревар од петте на колку што играше. Во текот на 29-те рекордни минути досега Антиќ постигна два поена од линијата за слободни, имаше три асистенции, една украдена топка и една грешка.

Во екипата на Атланта не настапија Ал Харфорд, Пол Миласп, Џеф Тиго и Клај Корвер, а Денис Шредер реализираше 21 поен.

Кај Далас најпрецизен беше Дирк Новицки со 17 поени.

Првиот натпревар од сезоната во НБА лигата, Атланта го игра на 30 октомври против Далас на гости.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...