МЗТ со неофицијален почеток на подготовките

Новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Змаго Сагадин, од денеска до недела ќе одржува тренинзи со играчи од младите категории на клубот, а официјалниот почеток на подготовките е наредниот понеделник, на 11 август, кога треба да се приклучат оние сениори што не се репрезентативци.

Словенечкиот стручњак вчера пристигна во Скопје и една недела ќе работи со младите да види дали евентуално некој од нив би можел да биде вклучен во првата екипа.

Првите денови од подготовките ќе се тренира во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а по завршувањето на изградбата на СЦ “Јане Сандански“, подмладениот тим на МЗТ ќе се врати во својата населба. Новата сала во Аеродром е при крај, но уште не е поставен паркетот и некои други придружни работи, па за работа на спортските екипи во тој објект ќе треба да се почека уште некое време.

На 11 август ќе дојде Лучиќ, утре пристигнува Пајиќ, а тие заедно со Марковски, Николовски, Стајиќ, Маринковиќ и Цветковиќ ќе бидат сениори кои ќе му се стават на располагање на новиот тренер. Управата е во потрага по шести странец бидејќи не можат предолго да го чекаат одговорот од домашните играчи за кои има интерес кај „металците“. Но, вистинското комплетирање на тимот ќе се случи дури по завршувањето на квалификациите за ЕП кога треба да дојдат и репрезентативците (Костоски, Цинцадзе, и младите Младеновски и Арсоски). Практично, комплетниот состав на МЗТ треба да се види на 1 септември кога составот заминува на висински подготовки во Маврово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...