Македонија ги мести „коцките“

Денешната средба (почеток 17 часот) против Хрватска во Загреб треба да покаже колку реновираната македонска машка репрезентација добро ги одработела подготовките за квалификациите за Европското првенство 2015 година. Ова е најсериозен подготвителен тест за момчињата на селекторот Александар Џикиќ бидејќи противникот е учесник на претстојното Светско првенство, но поназад е со подготовките од македонскиот тим и затоа „коцкестите“ не се непобедливи.

По шесте контроли на домашен терен, по три во Охрид и Скопје каде билансот беше 5-1, ова е прв и единствен пријателски меч на гостински терен. Нашите репрезентативци вчера отпатуваа за Загреб каде тренираа двапати пред дуелот со домаќините за кои ова е само трета контрола (двапати ја победија Канада, но во Славонски Брод), но тие допрва треба да влегуваат во форма бидејќи СП почнува на 30 август, а за Македонија првиот официјален меч е в недела, дома против Белгија.

Џикиќ на контролата во Загреб нема да смета на Дамјан Стојановски, кој има проблем со задната ложа и самостојно тренираше изминативе денови, а во составот го нема ниту Бојан Крстевски, кој одигра само еден пријателски меч, оној првиот во Охрид. Сепак, селекторот верува дека ќе бидат фит за 10 август и мечот со Белгија.

„Добро ќе беше да бевме комплетни, но Бојан и Дамјан, како и сите други ќе ни требаат здрави и 100 проценти спремни за средбата со Белгија. Не велам дека резултатот не е важен, добро би било да победиме во Загреб, но и пораз нема да биде катастрофа. Во прв план е да видиме како тимот се однесува на гости и колку добро сме подготвени на една недела пред стартот на квалификациите. Хрватска е посилна од нашите противници во квалификациите, мислам дека е противник по мерка за нас во оваа фаза“ - смета селекторот.

Џикиќ откако се одлучи да не ризикува со Стојановски и Крстевски, па за денешното гостување против Хрватска ќе смета на Ивица Димчевски, Андреј Магдевски, Дарко Соколов, Александар Костоски, Војдан Стојановски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски, Марјан Јанески, Ричард Хендрикс и Љубомир Младеновски.

Тимот се враќа дома веднаш по натпреварот, по што следува одмор, и продолжување на подготовките.

Завршната прес-конференција на која играчите и стручниот штаб ќе ги кажат своите очекувања за овој циклус е закажана за в петок. Првата средба од квалификациите се игра в недела, од 20:30 часот, а продажбата на билети почнува утре.

И хрватскиот селектор Јасмин Репеша е задоволен што неговиот тим ќе се сретне со тим како македонскиот. Хрватите вчера двапати тренираа во Загреб и денеска ќе се обидат да покажат дека ја подигнале формата во однос на мечевите со Канада.

„Мораме детално да ги анализираме дуелите со Канада, да видиме што беше добро, а што лошо, и преку тренинзи и дуелот со Македонија да се обидеме да ги поправиме. Против Македонија мора да одиграме подобро отколку против Канаѓаните“ - изјави Репеша.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...