Војдан и Алба ги победија Паркер и Спарси

Војдан Стојановски доби една ретка можност за која веројатно сонуваат многу млади кошаркари, или сите оние кои почнуваат да се занимаваат со кошарката. Да заигра против најдобриот тим на светот, против актуелниот шампион на НБА лигата.

Е токму таков момент доживеа и капитенот на нашиот национален тим. Како играч на Алба, пред својата публика, пред повеќе од 14.000 гледачи во „О2 арената“ во Берлин, да ги одмери силите против Сан Антонио Спарс.

И одлично се снајде бекот на популарните „албатроси“. Откако влезе во текот на вториот период, успешно ги реализираше двата обиди кон противничкиот кош. Имаше и едно успешно „крадење“ во тие нецели шест минути кои ги доби од тренерот Саша Обрадовиќ.

Чудно е што нашиот репрезентативец не влезе воопшто во игра во второто полувреме на овој меч кој се претвори во драматичен и во кој на крајот славеше бундеслигашкито тим, минимално (94:93).

Кога се чинеше дека Спарси ќе го добијат овој натпревар, односно имаа плус 4 (93:89), во само пет секунди ги шоираа нивните сонародници. Прво Ридинг, со тројка, намали на (92:93). А потоа, на пет секунди пред крајот, истиот играч ја украде топката од Данкан, ја додаде до Меклејн, кој пак во истекот на последната секунда погоди за германска ерупција.

Како и да е, Војдан ќе памети дека одиграл точно 5:38 минути против неофицијалниот светски шампион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...