Њујорк поуспешен од Кливленд

Во еден од петте натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата Њујорк забележа победа на гостувањето кај Кливленд со 95:90. Ова воедно беше и прв натпревар за Кливленд и за повратникот во тимот Леброн Џејмс.

И покрај засилувањата Џејмс и Кевин Лов, Кливленд не успеа да дојде до победата. Најефикасен на натпреварот беше Кармело Ентони со 25 поени, додека кај Кливленд Кајри Ирвинг постигна 22, Џејмс 17, а Лов 19 и имаше 14 скокови.

Победа постигна и екипата на ЛА Клиперс која со 93:90 ја совлада Оклахома Сити. Кај гостите поради повреда во составот не е Кевин Дјурант, а во вториот период се повреди Расел Вестрбрук, кој има мала скршеница на десната рака. За тежината на повредата ќе се знае по денешните дополнителни медицински прегледи. Крис Пол со 22 поена беше најпрецизен кај победникот, а Пери Џонс реализираше рекордни за него 32 поена за Оклахома Сити.

На другите три натпревари: Орландо - Вашингтон 98:105, Минесота - Детроит 97:91 и Далас - Јута 120:102.

Вечерва се играат шест натпревари: Индијана - Мемфис, Чикаго - Кливленд, Милвоки - Филаделфија, Феникс - Сан Антонио, Сакраменто - Портланд и ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...