„Штрковите“ осоколени летаат за Љубљана

МЗТ Скопје Аеродром лесно го положи струмичкиот тест во заостанатиот натпревар од првата лига и сега со мини-серија од две две победи по ред, во попозитивно расположение денеска заминува за Љубљана каде утревечер ќе игра со Унион Олимпија. За МЗТ ова е прва победничка серија сезонава, а дали екипата почнува да се стабилизира, одговорот ќе го добиеме утревечер против составот на Алеш Пипан.

На американскиот бек Дион Диксон по својата најдобра игра во дресот на МЗТ му се враќа самодовербата, а тоа е важно за тимот бидејќи игра на чувствителна позиција. По одморот кој го доби против Струмица (беше чуван бидејќи има повреда), во тимот кој денеска заминува за Словенија треба да биде и Кирил Николовски, еден од само двајцата актуелни играчи на аеродромскиот клуб заедно со Дамјан Стојановски, кои играа за МЗТ во времето на Пипан.

Екс тренерот на МЗТ, Пипан, има големи проблеми околу составување на тимот во овој период од сезоната. Повредени се Сасу Салин, Лука Рупник и Дино Муриќ, а неодамна екипата ја напушти центарот Мирза Бегиќ, кој потпиша за Лаборал Куча.

Олимпија добро ја почна сезоната во АБА лигата, ги разби Цедевита и Партизан, а потоа почна со нестабилни игри и сега имаат 5-4. МЗТ во минатото коло против Игокеа ја извојува првата победа на гостински терен, а евентуална нова радост ќе биде огромен плус и чекор напред кон побезбедно место на табелата и фаќање приклучок кон средината.

Десеткуваната Олимпија беше поразена од Химки во Еврокупот со 77:105, но опасност за МЗТ е што почна да се буди Клемен Препелич, кој постигна 24 поени. Играчот за кој се шпекулираше дека би можел да го засили МЗТ пред заминувањето на Змаго Сагадин влегува во форма и ќе биде една од најголемите опасности за кошот на „металците“. Тука се и одличните плејмејкери Марко Мариновиќ и Марко Маринели, кои мора да бидат неутрализирани, бугарското крило Христо Николов, а од центреите Ален Омиќ и опасниот Халил Канацевиќ, кој против силниот руски тим имаше 20 поени и 13 скока.

МЗТ на своето прво гостување против Унион Олимпија успеа да дојде до победата, но тогаш на клупата на „штрковите“ седеше Пипан. Во минатата сезона МЗТ загуби, а Пипан веќе беше на другата страна. Сега првпат на клупата на МЗТ на дуел во Љубљана нема да биде Словенец, и ако играчите на Бобан Митев дадат максимум, не е чудо за првпат сезонава да врзат и две победи едноподруго во АБА, што би било добра основа пред следниот меч во Скопје со „фенерџијата“ Левски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...