Историја - браќата Гасол стартери на ол-стар

Браќата Пау и Марк Гасол испишуваат нова страница во историјата на ол-стар натпреварите во НБА откако добија доволен број гласови да настапат во првата петорка на собирот на сите ѕвезди. Шпанците се првите браќа кои ќе заиграат во почетната петорка на ол-стар, инаку во 1970 и 1971 година браќата Том и Дик Ван Арсдејл настапија на ол-стар, но не како стартери.

Пау и Марк ќе играат еден против друг како главни центри на своите конференции. Постариот Пау како член на Чикаго булс ќе игра за Истокот, а Марк, кој го носи дресот на Мемфис гризлис, за Западот. За Пау Гасол ова ќе биде петти ол-стар, но прв како играч на Истокот бидејќи летоска замина во Булс, негов прв НБА тим од Истокот, откако претходно играше за Мемфис и ЛА Лејкерс.

„Тоа што ќе скокам против брат ми Пау при почетното потфрлање е големо достигнување за нашето семејство и момент на кој ќе се сеќавам до крајот на животот. Прекрасно е што ја добив довербата на навивачите да бидам претставник на мојот клуб, градот Мемфис и фановите на Гризлис низ светот“ - изјави Марк Гасол.

Инаку, најмногу гласови за настап на ол-старот во Њујорк на 15 февруари доби Стивен Кари од Голден стејт, надминувајќи го Леброн Џејмс, кој водеше по претходното пребројување на гласовите. Коби Брајант е изгласан од фановите, но повредата на рамото ќе го спречи да игра, па Западот ќе има друг бек шутер во првата петорка. Коби ќе остане на 17 учества на ол-старите, две помалку од рекордерот Карим Абдул Џабар.

Годинава навивачите решија да не гласаат за Двејн Вејд, Крис Бош, Кевин Дурант и Крис Пол кои во минатите години беа редовни стартери.

Тренер на Истокот ќе биде Мајк Баденхолцер од Атланта, а на клупата на Западот ќе седи Стив Кер од Голден стејт, кој сезонава е дебитант како главен тренер. Резервите ќе бидат објавени на 29 јануари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...