Пипан наскоро доаѓа во Аеродром

Многу лесно може да се случи вечерашниот натпревар во Штип со Гоце Делчев да биде последен за Александар Јончевски како главен тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Според информациите кои кружат во јавноста, а никој не ги негира, управата на МЗТ веќе е во напредна фаза на преговори со словенечкиот тренер Алеш Пипан. И навивачите на МЗТ се согласуваат со оваа варијанта, веројатно поради носталгија за времето кога тимот не губеше натпревари на домашна сцена.

Со Пипан на клупата МЗТ во сезоната 2012/2013 загуби само еден натпревар и тоа по продолжение на гостувањето кај Кожув, тим кој во финалето на плеј-офот го победи со 4:0. Како селектор на македонската репрезентација Пипан не направи успех на Евробаскетот во неговата земја, а претходно објави оти си оди од МЗТ и заминува во Унион Олимпија. Тоа беа причини македонските навивачи да не го прифатат добро по неговото прво враќање во Скопје кога МЗТ ја совлада Олимпија. Сега ситуацијата е сменета, фановите, барем оние на МЗТ, би сакале повторно да го видат Пипан, кој е авторитативен и квалитетен тренер.

Судбината сакаше потенцијалното враќање на клупата на МЗТ, Пипан да го има токму против неговата Олимпија, клуб кој му врачи отказ пред неколку дена, по шокантниот пораз во полуфиналето на словенечкиот куп. Во меч од АБА лигата МЗТ в недела вечер ја пречекува Олимпија, која го постави Меми Бечировиќ за нов тренер.

Можни се и одредени засилувања во играчкиот кадар на „металците“, но сето тоа се само шпекулации и, секако, новиот тренер ќе треба да го има главниот збор.

Што се однесува до Александар Јончевски, тој останува во клубот. Засега како главен тренер, но ако дојде Пипан, младиот стручњак ќе биде вратен на позицијата помошник. Пипан и Јончевски соработуваа во МЗТ и во националниот тим на Македонија, па нема да имаат потреба од време за адаптација.

„Штрковите“ останаа без купот и сега сакаат да ја спасат сезоната со освојување на титулата во првенството. Потребата од поискусен тренер е еден од предусловите за остварување на целта. Во меѓувреме ќе треба да ја доиграат сезоната во АБА лигата каде останаа уште неколку кола, а потоа целиот фокус ќе биде насочен кон домашната лига.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...