Трофејот го чека новиот сопственик

Екипите на Бенфика и Челзи вечерва на Амстердам арената го играат големото финале во 42. издание на најмасовното европско фудбалско натпреварување - Лигата на Европа. Сребрената шестоголна чаша вечерва ќе заврши кај подобриот од големата пресметка, или подобро кажано мега-дуел бидејќи се среќаваат екипи кои зад себе имаат освоено многу трофеи.



Двете екипи најдоа утеха во Лигата на Европа откако имаа разочарувачки настап во Лигата на шампионите. Лондонските „сини“ како европски прваци влегоа во ова натпреварување и наидоа на жестоки противници, но ниту еден не беше кадарен да ги елиминира. Предводени од искусниот Рафа Бенитез, специјалист за куп-натпревари, очекуваат да го освојат вториот европски трофеј во последните две сезони.

„Играме против Бенфика, која има богата историја во Европа и ќе биде тешко да се победи. Имаат фантастични фудбалери, а би ги издвоил Кардозо, Луизао и Аимар, кои се носители на играта. Ние направивме неколку промени од минатата сезона, но мотивот останува ист. Се надевам дека ќе прославуваме со фановите уште еден пехар. Би било убаво доколку во две сезони ги освоиме двете најголеми европски клупски трофеи“, изјави Хуан Мата.

Натпреварот буди „емоции“ кај Давид Луиз, кој вечерва во дресот на Челзи ќе му се спротивстави на поранешниот клуб.

„Секој знае дека Бенфика ми е во срцето, но ќе заборавам на тоа кога ќе излезам на терен. Сакам да победам со Челзи и да го освојам трофејот. Се работи за големо финале во важен турнир. Веќе загубивме три финалиња сезонава (Комјунити шилд, Супер-купот на Европа и Светското клупско првенство) и затоа мораме да се потрудиме да го земеме трофејот. Мислам дека ќе биде фантастично финале меѓу два големи клубови“, изјави Луиз, кој ја пренесе филозофијата на игра на португалскиот тим.

„Бенфика има неверојатна филозофија. Кога ја имаат топката притискаат длабоко и не смееш да оставиш ни малку простор бидејќи неверојатно прецизно ја протнуваат топката. Мора да се остане фокусиран цело време. Мора да се биде подготвен на секаков предизвик“, додаде Бразилецот.

Бенфика беше маестрална откако влезе во Лигата на Европа, покажува фантастична форма со седум победи и едно реми. Лисабонските „орли“ имаа непријатности викендов бидејќи го загубија дербито со Порто, но и првото место на табелата кое го држеа во поголемиот дел од сезоната. Тренерот Жорге Жесус ќе се обиде психички да ги подигне своите момци и да ги натера да мислат само на мечот од Лигата на Европа.

„Бенфика во секое натпреварување настапува со цел да стигне до финалето и да го освои трофејот. Самиот пласман во финалето во ЛЕ е успех, но триумфот би бил фантастичен момент за клубот, за играчите, фановите и останатиот персонал“, изјави Жесус.

„Бенфика нема играно европско финале долго време и затоа сите очекуваат тоа ’проклетство’ да биде прекинато. Мислам дека е време да им донесеме радост на луѓето кои се со нас во добро и во лошо. Што се однесува до противникот, ќе биде тешко да го надиграме. Јасно е дека мораме да пристапиме смирено и да се обидеме да ја наметнеме нашата игра. Секогаш кога сме го правеле тоа сме победувале. Сакам тоа да се повтори и вечерва“, изјави напаѓачот Кардозо.

Бенфика и Челзи минатата година првпат се сретнаа меѓу себе и тоа во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тогаш „сините“ се покажаа поумешни и триумфираа на двата меча (2:1 во Лондон и 1:0 во Лисабон) подоцна станаа и европски прваци. Една година подоцна двете екипи повторно се на мегдан, овој пат во решавачки дуел за трофејот за Лига на Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...