Амстердам обоен во сино

Првпат во историја Челзи го подигна победничкиот пехар во Лигата на Европа откако вчера во големото финале на Амстердам арената ја победија Бенфика со 2:1. Лондонските „сини“ не дозволија да ја завршат сезоната без трофеј. По поразите во Суперкупот на Европа, Светското клупско првенство и испаѓањето од Лигата на шампионите се утешија со пехарот од второто по квалитет европско натпреварување.

Бенфика дојде да го прекине 51-годишниот пост без освоена титула во европските купови но не успеа во тоа. И покрај тоа што до финалето стигнаа во голем стил со шест победи во осум меча немаа сили да го направат завршниот чекор. Ќе мора да почекаат следна прилика за освојување на евро-титула.

ДОМИНАЦИЈА НА БЕНФИКА ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

Бенфика излезе со најсилниот состав, а Челзи без Тери, Мозес и Азар кои поради повреди отпаднаа од комбинација за настап. Тимот од Лисабон доминираше во првото полувреме, вршеше посилен притисок но сепак ниту еднаш сериозно не го загрози голот. Само како илустрација Португалците имаа 62% посед на топката, меѓутоа Челзи иако беше послаб противник ја имаше најсериозната шанса за водство. Ударот на Лампард од далечина во 37 минута го одбрани голманот Артур.

ДРАМАТИЧЕН ФИНИШ НА МЕЧОТ

Многу поинтересни беше второто полувреме. Во 50. минута судиите и поништија погодок на Бенфика поради офсајд на Кардозо, а потоа Челзи поведе. Хуан Мата одлично го проигра Торес, овој се ослободи од својот чувар и еден на еден со Артур ја погоди мрежата. Бенфика возврати за кратко време. Судијата Кујперс оправдано покажа на белата точка по играњето со рака на Кејхил во својот шеснаесетник. Непогрешлив од 11 метри беше Кардозо.

Последните 10 минути беа уште пожестоки. Чех го одбрани силниот шут на Кардозо, а на спротивната страна ударот на Лампард од далечина заврши на местото каде се спојуваат гредата и дирекот. Кога сите очекуваа продолженија во втората минута од судиското продолжување Ивановиќ по корнер со глава го совлада немоќниот Артур. Но Бенфика можеше да возврати во следната акција меѓутоа Кејхил се „извади“ за пеналот со добра блокада.

Судијата означи крај на мечот, а арената во холандската престолнина се обои во сино. Навивачите и играчите на Челзи славеа, додека противниците се уште не можеа да поверуваат дека го загубија мечот во последните секунди.

ТРОФЕЈОТ ЗА ЧЕЛЗИ

Интересно има само 17 настапи во Лигата на Европа и веќе го има трофејот во своите раце. Тренерот Рафа Бенитез има причина за задоволство. Во 40. натпревар во Лигата на Европа вторпат го освојува трофејот. Претходно триумфираше во ова натпреварување со Валенсија, сега и со Челзи. Тој им се придружи на Луис Моловни (Реал Мадрид) и Хуанде Рамос (Севиља) кои двапати триумфирале во натпреварувањето. За разлика од нив Рафа го освојува трофејот со два различни клубови. Штета што ќе го напушти Челзи по завршувањето на сезоната бидејќи челниците не сакаат да му го продолжат договорот. Можеби од денеска челниците ќе ја свртат страницата и ќе го задржат шпанскиот стратег.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...